По дваесет години Шведска е повторно европски шампион во ракомет

Репрезентацијата на Шведска е нов европски шампион во ракомет, откако со пенал во последните секунди ја победи Шпанија 27-26 во финалето на ЕП. Ова е петта титула за Шведска а прва по пауза од 20 години.

Швеѓаните водеа од самиот почеток на натпреварот, а Шпанија до првото изедначување стигна во 15. минута, кога Фигуерас погоди за 6-6. Но шведските ракометари беа подобри на крајот на првиот де и на полувреме заминаа со резултат 13-12.

Шпанија на почетокот на вториот дел поведе со 16-14 благодарение на Абељо и Серано а Шведска во 42. минута успеа да израмни преку Екберг (19-19) и потоа да направи пресврт. Екберг со гол од пенал го постави крајниот резултат, 27-26.

Екберг и Бергендахл беа најдобри во тимот на Шведска со по пет гола, а најефикасен кај Шпанија беше Абељо со шест гола, и Серано со пет.

Scroll to Top