По Манчестер Сити, ПСЖ и Њукасл, богатите шеици сакаат да купат и еден од италијанските фудбалски гиганти

По инвестирањето во Премиер лигата и француската лига, богатите шеици сакаат да купат и еден од италијанските фудбалски гиганти, пишуваат медиуми.

Откако го купија Њукасл, „Паблик инвестмент Фонд“, зад кој стои саудискиот принц Мохамед бин Салман, планира да инвестира и во Интер.

Њукасл и официјално стана клуб со убедливо најбогат сопственик. Саудискиот принц Мохамед бин Салман стои зад ПИФ групата која го купи клубот од северот на Англија од контроверзниот сопственик Мајк Ешли.

Сепак, според најавите на италијанските медиуми, Салман не сака тука да запре, па сега сака да го купи и Интер. Како што пренесува „Калчомеркато“, групата работи на купување на Интер од кинеската групација „Сунинг“.

Наводно веќе неколку месеци луѓе блиски до Салман ја собираат документацијата и се занимаваат со калкулации поврзани со инвестирање во Интер.

Нероаѕурите во последните неколку години имаа голем број на финансиски проблеми. Поради недостиг на средства екипата минатата година ја напушти нивниот тренер Антонио Конте, а најголемата ѕвезда Ромело Лукаку беше продаден за рекордна сума.

Арапските сопственици сакаат да вложат во нов стадион, затоа што Сан Сиро или Џузепе Меаца, наскоро би можел да биде историја.

И покрај продажбите во текот на летото, Интер бележи големи финансиски губитоци и продажбата на саудиските сопственици би можела да биде спас за „Сунинг“.

Scroll to Top