Голманот на ракометниот клуб Порто, Алфредо Кинтана, почина како последица од срцев удар на 32 години, соопштија од клубот.
Голманот, во понеделникот, за време на тренингот, доживеал инфаркт. Поради сериозноста на ситуацијата, тој бил ставен во вештачка кома. Тој почина денес во болницата „Сао Жоао“.
„Никогаш не очекувавме дека ќе објавиме ваква порака, нашиот драг Алфредо Кинтана нè напушти денеска. Засекогаш ќе го паметиме како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, објави клубот на социјалните мрежи.
Кинтана е роден на Куба, но бил и португалски државјанин десет години и имал над 70 настапи за португалската репрезентација.