Почина Гоце Атанасовски, карате-шампион на СФРЈ и член на првата македонска репрезентација

Почина Гоце Атанасовски, член на првата македонска карате-репрезентација, формирана по осамостојувањето на земјата. Беше шампион на СФРЈ и член во репрезентацијата на Југославија во карате.

Атанасовски почнал да тренира карате во КК Лепенец, под водство на тренерот Раде Ѓеркоски, а потоа стана и шампион на СФРЈ.

Атанасовски со репрезентацијата, долу во средината

По осамостојувањето на Македонија, тој е државен првак во полусредна категорија, во младинска и сениорска конкуренција, без пораз на домашните натпреварувања. Член е на првата македонска сениорска репрезентација, која настапи на Светското првенство во Гранада, Шпанија, во 1992 година.

Настапувал и за екипите на Водно, Енергопромет и Студент. Тој е и екипен првак на Македонија, пишува Ипон.мк.

Scroll to Top