Почина хрватската фудбалска легенда Златко (Цицо) Крањчар

Златко (Цицо) Крањчар, легендарниот хрватски фудбалер и тренер, почина на 65 години. Крањчар починал по кратка и тешка болест во болницата во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој е роден на 15 ноември 1956 година, а едно време беше и репрезентативец на Југославија. Својата фудбалска кариера ја почна во Динамо Загреб, тим за кој настапуваше десет години, од 1973 до 1983 година. Го носеше и дресот на виенски Рапид и Санкт Полтен и СВ Винерфилд, каде што во 1992 година ја заврши кариерата. Со Динамо освои и една титула шампион на Југославија.

Во репрезентацијата на Југославија оствари 11 настапи и постигна три погодоци.

Во тренерската кариера беше селектор на Хрватска од 2004 до 2006 година, а пред 10 години ја водеше и репрезентацијата на Црна Гора. Беше тренер на Динамо Загреб во неколку наврати, а последната работа ја извршуваше како слектор на олимписката селекција на Иран.

Scroll to Top