Почина најстариот син на Скоти Пипен

Најстариот син на поранешната НБА-ѕвезда Скоти Пипен почина на 33 години. Веста за смртта на Антрон ја објави некогашниот играч на Чикаго Булс, но не откри од што починал.

„Срцето ми е скршено што морам да споделам дека вчера се збогував со мојот првороден син Антрон. Двајцата делевме страст за кошарка и безброј разговори за спортот. Тој страдаше од хронична астма и затоа не стигна до НБА. Тоа никогаш не го спречуваше, секогаш беше позитивен и работеше напорно и горд сум каков човек израсна. Кажете по некоја молитва за неговата мајка Карен и целото негово семејство и пријатели. Нежно срце и прекрасна душа која замина предвреме. Те сакам сине, биди во мир додека не се сретнеме повторно“, напиша Пипен.

Антрон Пипен играше колеџ-кошарка во Тексас А&M Универзитетот.

Scroll to Top