Почина поранешниот македонски репрезентативен голман Гоце Груевски

Поранешниот македонски репрезентативен голман Гоце Груевски почина на 46 години во Австралија.

Груевски кариерата ја почна во Победа, а потоа бранеше и за Слога, Работнички, Беласица и Вардар од каде замина во австралиски Престон Лајонс.

По завршувањето на играчката кариера, Гоце Груевски, работеше како тренер на голманите во Престон.

За смртта на Груевски, клубот од Мелбурн објави на социјалните мрежи.

Scroll to Top