Почина проф. д-р Ѓорѓи Спасов, основоположник на Факултетот за физичка култура

Професор Ѓорѓи Спасов, истакнатиот спортски работник и основоположник на Факултетот за физичка култура, почина на 83 години. Тој беше еден од првите доктори на науки во Македонија од областа на спортот и физичката култура и долгогодишен декан на Факултетот за физичка култура.

Во својата кариера Спасов напиша десетина научни книги и беше добитник на повеќе државни награди и признанија. Тој беше и кондиционен тренер на ФК „Вардар“ и КК „Работнички“ во нивните најдобри времиња.

Беше пионер во интегрирањето на иновативните кондициски и психолошки светски достигнувања со цел подобрување на резултатите на врвните спортисти.

Scroll to Top