Почина српскиот фудбалер Никола Стевановиќ кој удри во карпа во Охридското Езеро

Српскиот фудбалер Никола Стевановиќ (26), кој се повреди пред две недели откако скокна од карпа во Охридското Езеро, почина денес на клиника во Скопје.

Никола пред почетокот на новата фудбалска сезона со неколку пријателите дошол на летување во Охрид. Со пријателите решиле да скокаат од карпите во езерото. Кога Никола скокнал, удрил со главата во подводна карпа и ги скршил вратот и еден пршлен. Веднаш бил префрлен на клиника во Скопје, каде што го оперирале, но паднал во кома и не се разбудил, раскажуваат неговите пријатели.

„Беше добар фудбалер и многу добар човек. Висок и силен млад човек, како да се стркала од карпа. Тага, голема тага за сите нас“, изјавил за медиумите секретарот на клубот Лесковац, Милован Глужац и ја потврдил веста за смртта на фудбалерот.

Стевановиќ играл фудбал од дете. Тој ги поминал сите млади селекции во ФК Дубочица. Често менувал клубови, па настапувал и за Кумарево, Полет, Слога, а по завршувањето на сезоната лани, потпишал договор со Морава Лесковац и во клубот требаше да настапува од септември.

Scroll to Top