Почина Верица Милорадовиќ, една од најголемите атлетичарки во Југославија

Една од најголемите атлетичарки во поранешна Југославија, Верица Милорадовиќ, почина на 71 годишна возраст во Зрењанин. Таа беше долги години членка во Атлетскиот клуб „Пролетер“.

Родена е на 14 јули 1951 година, а со атлетика почнала да се заниамава уште како пионерка во „Пролетер“, кај тренерот Мирко Зељковиќ. Во клубот била член десет години, а потоа кариерата ја продолжила во „Црвена ѕвезда“.

Била исклучителна спринтерка, а одлични резултати покажала и во скок во далечина. Седум пати го носела дресот на Југославија во јуниорската и сениорската конкуренција. 30 години го држела рекордот на 100 метри. Освојувала медали на Балканијадите и европските првенства во штафети.

Во 1967 година била прогласена за спортиска на Војводина. Била кандидатка и за Олимписките игри во 1972 година, но поради повреда на лигаментите морала да се откаже од атлетиката.

 

Scroll to Top