Почивај во мир Џамбо: едноминутен молк за голманот Никола Даниловски

Пред стартот на натпреварот меѓу екипите на Металург и Бутел Скопје во „Автокоманда“ имаше еден емотивен момент, во чест на трагично починатиот голман Никола Даниловски.

24-годишниот репрезентативен голман беше пронајден удавен во Охридското Езеро, а пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи. Слична беше ситуацијата и во „Автокоманда“, каде што Даниловски го мина најголемиот дел од кариерата.

„Почивај во мир Џамбо“, стоеше на транспарентот кој ракометарите на двата тима го држеа пред мечот. Се одржа и едноминутен молк во негова слава.

Со едноминутно молчење почнаа и натпреварите меѓу Пролет и Вардар, односно Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top