Поради корона, откажана Мото ГП трката во Аргентина

Трката за Големата награда на Аргентина во Мото ГП шампионатот е откажана поради опасност од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите. Тие објаснија дека жалат што мораат да ја откажат трката и дека оваа сезона Мото ГП шампионатот ќе има 18 трки.

„Пандемијата со коронавирусот, логистичките ограничувања и штетата нанесена на инфраструктурата, бараат нејзино откажување“, рекоа тие.

До крајот на шампионатот останаа уште шест трки. Финалната одлука е наместо во Аргентина да се вози уште една трка на патеката во Мизано. Таа трка е закажана за 19.октомври на патеката „Марко Симончели“. Трката ќе се вози под името Голема награда на Емилио Ромања.

Scroll to Top