Поранешна светска шампионка загина во лавина на швајцарските Алпи

Француската сноубордерка Џули Помагалски, која освои златен медал во дисциплина крос-кантри на Светското првенство во 1999 година, вчера е пронајдена мртва.

Четириесетгодишната француската олимпијка загинала во лавина на швајцарските Алпи. Нејзиното тело го пронашла спасувачката екипа.

Покрај светското злато во 1999 година, Помагалски го освои и светското сребро на трката во паралелен велеслалом во 2003 година.Таа се натпреварувала двапати на Олимписките игри, двата пати во паралелниот слалом и двата пати била шеста.

Scroll to Top