Поранешна свршеница на Боатенг, фудбалерот на Баерн Минхен, е најдена мртва во нејзиниот дом

By

Поранешната свршеница на Џером Боатенг, фудбалерот на Баерн Минхен, Касја Ленарт, е пронајдена мртва во нејзиниот стан. Полицијата претпоставува дека станува збор за самоубиство и дека нема никакви траги и докази за провала и дека нема никакви индиции за насилна смрт.

Касја ѝ стана позната на јавноста во 2012 година, кога учествувала во шоуто „Следните германски топ-одели“. Со Боатенг беа во врска до пред недела дена. Двајцата ја раскинаа свршувачката на 2 февруари. Фудбалерот вели дека раскинале затоа што не можел да го трпи нејзиното однесување во јавност. Чашата ја прелила сообраќајката во која таа го уништила автомобилот.

Таа не му останала должна па изјавила дека повеќе не може да ги трпи неговите лаги и неверства.

 

Ќе ви се допадне