Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, осуден за споделување детска порнографија

Поранешниот одбрамбен фудбалер на Реал Мадрид и германската репрезентација, Кристоф Мецелдер, е осуден за споделување детска порнографија, пишуваат светските медиуми.

Тој доби десетмесечна условна затворска казна, откако пред судот во родната земја призна дека испраќал слики кои прикажуваат сексуално насилство врз деца и адолесценти.

Тој признал дека дистрибуирал 18 фајлови со сексуална содржина и насилство врз деца и тинејџери. Тој беше осуден и за поседување на околу 300 фајлови, за кои никогаш не призна.

„Инкриминирачките слики ги имам од интернет страници до кои имам слободен пристап. Направив скриншотови и во чет-групи разменував екстремни фантазии“, изјавил Мецелдер.

Тој тврди дека никогаш не бил вклучен во сексуални напади врз деца и адолесценти, ниту пак планирал такво нешто.

„Сето тоа се одвиваше во еден дигитален, паралелен свет. Ја прифаќам казната и ги молам жртвите на сексуално насилство за прошка. Со оваа вина ќе мора да живеам како дел од општеството до крајот на животот,“ рече Мецелдер пред судот во Диселдорф.

Покрај Реал Мадрид, Мецелдер во кариерата играше и за германскиот тим Борусија Дортмунд.

Scroll to Top