Порталот „Спортико“ ја објави листата на 25 најплатени спортисти на сите времиња

Специјализираниот американски сајт за спорт и бизнис „Спортико“ ја објави листата со 25 најплатени спортисти на сите времиња. На првото место е легендарниот кошаркар на Чикаго булс, Мајкл Џордан.

Рангирањето на заработката на „Спортико“ се заснова на инсајдерски разговори, сопствено истражување и податоци од други медиуми, вклучувајќи го и „Форбс“. Заработката на секој спортист се формира од плата, парични награди, рекламни договори, хонорари и слично. „Спортико“ ја вклучи заработката во годините што спортистите биле активни и по пензионирањето, заклучно со 1 јуни 2021 година. За голферот Алберт Палмер и кошаркарот Коби Брајант, нивната заработка е пресметана до моментот на смртта.

Во топ 25 се вклучени спортисти од осум спортови, со заеднички приход од 25,5 милијарди долари. Според „Спортико“, 25 најплатени спортисти се:

1. Мајкл Џордан (кошарка) – 2,62 милијарди долари
2. Тајгер Вудс (голф) – 2,1 милијарда долари
3. Арнолд Палмер (голф) – 1,5 милијарди долари
4. Џек Никлаус (голф) – 1,38милијарди долари
5. Кристијано Роналдо (фудбал) – 1,24 милијарди долари
6. Флојд Мејведер Јуниор (бокс) – 1,2 милијарди долари
7. Леброн Џејмс (кошарка) – 1,17 милијарди долари
8. Лионел Меси (фудбал) – 1,14 милијарди долари
9. Мајкл Шумахер (автотрки) – 1,13 милијарди долари
10. Роџер Федерер (тенис) 1,12 милијарди долари
11. Фил Микелсон (голф) 1,08 милијарди долари
12. Дејвид Бекам (фудбал) 1,05 милијарди долари
13. Коби Брајант (кошарка) – 930 милиони долари
14. Шекил О’Нил (кошарка) – 870 милиони долари
15. Грег Норман (голф) – 815 милиони долари
16.Мајк Тајсон (бокс) – 775 милиони долари
17. Алекс Родригез (бејзбол) 650 милиони долари
18. Мани Пакјао (бокс) – 630 милиони долари
19. Кевин Дурент (кошарка) – 625 милиони долари
20. Луис Хамилтон (автотрки) – 620 милиони долари
21. Нејмар (фудбал) – 615 милиони долари
22. Џеф Гордон (автотрки) – 595 милиони долари
23. Оскар Де Ла Хоја (бокс) – 580 милиони долари
24. Пејтон Менинг (американски фудбал) – 570 милиони долари
25. Дерек Џитер (бејзбол) 555 милиони долари.

Scroll to Top