Од УЕФА одлучија повеќе да не важи правилото гол постигнат во гости на европските натпреварувања. Ова правило важи кога два тима играат двапати во нокаут фазата.
Ова правило првпат е воведено во фудбалот во 1965 година, во тогашниот Куп на победници на куповите. Целта тогаш била да се избегне трет натпревар на неутрален терен и доигрување, односно да се охрабрат тимовите кои биле гости, да играат поофанзивно.
Денес УЕФА на своите профили на социјалните мрежи, порача дека правилото се укинува и промените ќе стапат на сила од сезоната 2021/2022.