Кревачката на тегови Хидилин Дијаз од Филипини, која првпат во историјата на оваа земја освои олимписко злато, бесплатно ќе лета со авион до крајот на животот. Авиокомпанијата „Ерејжа груп“, која лета кон повеќе од 140 дестинации, ја награди со доживотен бесплатен авионски билет.
„Дијаз е инспирација за целиот филипински народ и чест ни е што ќе лета со нас“, рече директорот на „Ерејжа“, Тони Фернандес.
Освен тоа, Дијаз исто така доби парична награда од 660.000 долари, стан и две куќи од филипинската влада и приватни компании.
Филипини, држава со 109 милиони жители, дебитираше на Олимписките игри во 1924 година и претходно имаше освоено три сребра и седум бронзи. Триесетгодишната кревачка на тегови е првата што освои злато за својата земја, откако на Олимпијадата во Рио 2016 година, кога беше втора.