Првите македонски спортисти пристигнаа во Олимпиското село во Токио

Првата група македонски спортисти пристигна во Токио и веќе се сместени во Олимпиското село. Годинава игрите ќе се одржат од 23 јули до 8 август, а Јапонија ќе биде домаќин на најголемата светска спортска манифестација.

Од Македонија ќе настапат осум спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини.

Настап на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска Еминова и Филип Деркоски, теквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стрелачот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

На свеченото отворање знамето ќе го носат Реџепи и Георгиевски. Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.
Scroll to Top