Лео Меси и неговото семејство престојуваат на седмиот кат од хотелот со пет ѕвезди Le Royal Monceau, кој на располагање има базен, приватно кино и шест луксузни ресторани. Почетната цена за ноќевање се движи од 825 па нагоре, а се шпекулира дека ПСЖ плаќа и по 20.000 евра од ноќ, пишуваат француските медиуми.
Хотелот е отворен во 1928 година и се наоѓа на авенијата Ош во срцето на Париз, во непосредна близина на Триумфалната порта.
Меси не е единствен што престојува во Le Royal Monceau. Таму се сместени сите големи засилувања на ПСЖ пред да најдат трајно сместување. Клубот бесплатно го донесе Меси од Барселона, а годишно ќе го плаќа 35 милиони евра плус бонуси. Дресот со број 30 за кратко стана најбараниот производ во клупските продавници и може да се купи за 158 евра.
Некогашниот ривал, а иден соиграч во ПСЖ, Серхио Рамос, ги покани Лео Меси и неговото семејство да се преселат кај него дома во случај да им досади во хотелот.