ПСЖ веќе преговара со Меси, тврди познат француски новинар

Фудбалскиот клуб Барселона вчеравечер објави дека Аргентинецот Лионел Меси повеќе нема да игра за нив.

Познатиот француски новинар Мохамед Бухафси синоќа објави дека ПСЖ веќе стапил во контакт со таткото на Меси и дека се работи на негов трансфер во Париз.

„Меси последните неколку часа разговара со ПСЖ. Преговорите се во тек. Клубот е свесен за ситуацијата во која се наоѓа играчот и бара соодветно решение“, вели тој.

Според обложувачниците, ПСЖ е огромен фаворит за трансфер на Меси. Освен тоа, Нејмар пред два дена објави фотографија со соиграчите од ПСЖ и Меси, со кого се дружеше на Ибица. Тие двајца се големи пријатели, а Бразилецот неколкупати изјави дека би сакал Меси да заигра во Париз.

За потсетување, договорот на Меси со ФК Барселона истече кон крајот на јуни, но не може да потпише нов договор поради финансиските рестрикции на клубот.

Ла Лига со години го толерира трошењето на Барселона, но по влегувањето инвестицски фонд, кој за Ла Лига даде 2,7 милијарди евра, веќе нема место за избегнување на правилата.

Scroll to Top