Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, не сака да го продолжи договорот со францускиот клуб. Угледниот француски весник L’Equipea пренесува дека Мбапе ќе го испочитува важечкиот договор со клубот од Париз и дека потоа како слободен играч ќе премине во друг клуб.
Репрезентативецот на Франција е врзан за ПСЖ, до летото 2022 година, а потоа најверојатно без никакво обештетување, ќе премине во Реал Мадрид. Ова е сериозен удар за Парижаните, затоа што за доаѓањето на Мбапе во тимот, тие издвоија 180 милиони евра, а ќе го загубат за без пари.