Ракометарите ќе поделат премија од 20.000 евра за победата над светскиот шампион Данска

Ракометната федерација на Македонија ќе им додели на ракометарите премија од 20.000 евра за победата над светскиот и олимписки шампион Данска. Ова на ракометарите им го кажал претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов, откако Македонија ја победи Данска. Ова е прва победа на македонските ракометари во натпревар против светскиот шампион.

За потсетување, македонските ракометари ја победија данската репрезентација со резултат 33:29 во Скопје, во натпревар од квалификациите за Европското првенство што ќе се игра догодина. Реванш-натпреварот ќе се одигра в недела во Данска. Во групата 7, каде што настапуваат овие две репрезентации, играат и Швајцарија и Финска. Прва на табелата е Македонија со 6 бода, пред Данска која има 4. Натпреварот од квалификациите за ЕП беше и селекторско деби за Кире Лазаров.

 

Scroll to Top