Ракометарите на Вардар ги поддржаа фудбалерите : Вие сте европско чудо, храбро до крај

Ракометарите на „Вардар 1961“ Иван Чупиќ, Столе Стоилов, Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров јавно ги поддржаа македонските репрезентативци кои ќе играат на Евроското првенство во фудбал. Фотографиите направени во знак на поддршка ги објави Фудбалската федерација.

„Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар испраќаат силна поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација. Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери. Храбро до последен атом“, напишаа од ФФМ.

Македонските фудбалери веќе неколку дена се во Букурешт, Романија, каде што се подготвуваат за првиот натпревар на ЕП, а ќе играат против Австрија, во недела со почеток од 18 часот.

Scroll to Top