Роналдо постави нов светски рекорд со 111 гола за репрезентацијата

Кристијано Роналдо постави нов светски рекорд со 111 гола за репрезентацијата. Португалецот со двата гола, што ги даде на натпреварот против Северна Ирска, го помина рекордот на Иранецот Али Даеи од 109 гола со кого се израмни на изминатото Европско првенство.

Роналдо истовремено го израмни европскиот рекорд на Шпанецот Серхио Рамос од 180 настапи за националниот тим. Светскиот рекорд го држи Со Чин Ан, кој одигра 195 меча за Малезија во периодот од 1969 до 1984 година, што ова лето беше потврдено од ФИФА.

Роналдо дебитира во дресот на Португалија во 2003, а Даеи своите 109 гола ги постигна за пократок период, од 1993 до 2006. Сепак, критичарите истакнуваат дека Даеи ја збогатувал својата статистика против далеку послаби противници: 95 од неговите голови се постигнати против азиски селекции.

Вклучувајќи го и женскиот фудбал, апсолутниот рекорд го држи 38-годишната Кристин Синклер со 187 гола и 304 натпревари за репрезентацијата на Канада, со која неодамна стана олимписка шампионка.

(Видео) Дивјачко однесување на Роналдо, му удри шлаканица на О’Шеј

Scroll to Top