Роналдо се враќа во Манчестер јунајтед, потпиша двегодишен договор

Манчестер Јунајтед преку својата официјална страна соопшти дека Кристијано Роналдо се враќа во клубот. Тие соопштија дека фудбалерот потпишал двегодишен договор со нив, со можност за негово понатамошно продолжување.

Роналдо изјави дека Манчестер Јунајтед отсекогаш имал специјално место во неговото срце и дека е возбуден за неговиот трансфер во клубот за којшто некогаш играше.

„Едвај чекам повторно да заиграм на Олд Трафорд пред полн стадион и повторно да ги видам навивачите. По интернационалните натпревари му се приклучувам на тимот и се надевам на многу успешна сезона која претстои, вели тој.

Фудбалскиот тренер и менаџер на клубот, Оле Гунер Солскје, истакна дека е среќен што напаѓот ќе се врати дома.

„Недостасуваат зборови за да се опише Роналдо. Тој не само што е неверојатен играч, туку е и добар човек. Да имаш желба да играш и да можеш да играш со тоа топ темпо толку долго време треба да си навистина посебен човек. Не се сомневам дека ќе продолжи да не изненадува. Неговото искуство ќе биде значајно за помладите играчи во екипата“, вели тој.

Scroll to Top