Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, со 760 погодоци дадени на официјални натпревари стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.
Португалецот синоќа во триумфот над Наполи со Јувентус го забележа 760. погодок во кариерата. „Старата дама“ беше подобра од „наполитанците“ со 2:0.
Со тоа Роналдо го помина на оваа листа легендарниот Џозеф Бикан, кој имаше постигнато 759 погодоци. Бикан играше во периодот од 1931 до 1955 година.
На третото место сега е славниот Бразилец Пеле со 757, а на четвртото место е Аргентинецот Лионел Меси, кој досега има постигнато 742 гола.