Русија ќе дозволи да има публика на стадионите за време на Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи престојното лето. Властите успешно се изборија со пандемијата со коронавирус, па одлучија да дозволат публика на сите поголеми спортски натпреварувања во земјата.
Стадионот во Санкт Петербург ќе биде пополнет до 50% капацитет, а ќе биде дозволен пристап и на навивачите од странство, изјавил директорот на Организацискиот комитет, Алексеј Сорокин.
„Се извинувам, но во смисла на оптимизмот, ќе ги престигнеме организаторите на Олимписките игри. Европското првенство го гледаме со оптимизам. Постигнавме договор трибините да ги пополните барем до 50% од капацитетот. Работиме на тоа да им посакаме добредојде на навивачите од странство и наидовме на одобрение од властите. Сигурен сум дека натпреварите можат да се организираат со минимум ограничување“, изјавил Сорокин.
Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 градови ширум Европа, а стадионот во Санкт Петербург ќе биде еден од нив.
Тој има капацитет од 61.000 седишта, а на тој стадион ќе се играат три натпревари од групата Б. во која играат Данксал Финска и Белгија, како и една средба од четвртфиналето.
Русија во меѓувреме ги укина речиси сите здравствени бариери против коронавирусот, што е драстична разлика во односот на Србија, а според последните податоци од вирусот починаа околу 95.000 луѓе. За потсетување, од УЕФА одлучија годинава првенството се игра во 12 градови низ Европа.