Рускиот милијардер Дмитри Мазепин платил 20 милиони долари за неговиот син, Никита Мазепин, да вози во Формула 1, пишуваат светските медиуми.
Претстојната сезона во најпрестижното тркачко натпреварување ќе стартува овој викенд, со трката во Бахреин. Сите се согласни дека фаворити се Луис Хамилтон и неговиот тим „Мерцедес“ за трофејот. Останатите тимови се голема енигма, затоа што повеќепати ги сменија возачите.
Сите ги сменија, освен „Мерцедес“ и „Вилијамс“. Во новата сезона ќе има многу нови возачи, меѓу кои и синот на Михаел Шумахер. Мик Шумахер е возачот кој најмногу ќе привлече внимание на трките.
Токму Никита ќе му биде партнер во тимот „Хаас“. Никита неодамна наполни 22 години, а местото во Формула 1 му припадна благодарение на неговиот татко. Дмитри побарал уште некои дополнителни услови, како што е стилизирање на руското знаме на болидот.
Тој побарал и екипата да го носи името „Уракали Хаас“, како што се вика неговата компанија.