Се самоуби млад српски фудбалер

Српскиот фудбалер Горан Обрадовиќ се самоуби, а трагичната вест ја објавија од фудбалскиот клуб „Арарат“ од Јервен, Ерменија, каде што играчот ги имаше најголемите успеси.

Засега не е познато како Горан го извшрил самоубиството ниту, пак, причините за тоа. Претходната сезона тој играше за „Тауншип Ролерс“ од Боцвана, а освен за „Арарат“, Обрадовиќ во Ерменија играше и за „Ганџасар“, „Алашкерт“ и за „Мику“.

Обрадовиќ има 35 години, а на времето кога настапуваше во Србија, тој играше за „Млади радник“ од Пожаревац и за БСК од Борч. Тој беше одбранбен играч, а никогаш не доби покана да игра за репрезентацијата.

Scroll to Top