Францускиот тенисер Гаел Монфис и украинската тенисерка Елина Свитолина, се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија во Женева, Швајцарија. Невестата носеше бело-виолетови панталони наместо венчаница, а младоженецот избра виолетов костум.
Познатите тенисери ја почнаа љубовната врска во 2018 година. Откако јавно открија дека се заедно, постојано се бодреа еден со друг од трибините во текот на натпреварите.
Монфис ја побара Елина за жена во април, а последните неколку дена пред свадбата тој споделуваше фотографии и пораки на социјалните мрежи, со кои навести дека почна одбројувањето до венчавката.