Сер Алекс Фергусон имал 80% шанса да умре по мозочниот удар што го доживеал пред три години, вели неговиот лекар

Во новиот документарен филм за поранешниот легендарен тренер на Манчестер јунајтед, еден од неговите лекари открива за тешката состојба во која Шкотланѓенцот се нашол пред три години.

Фергусон пред три години доживеал мозочен удар, а неговиот лекар открива дека имал само 20% шанси да го преживее истиот.

„Се сеќавам дека ги проценував неговите шанси и можам да кажам дека дури 80% од нив не одеа во негова полза. Само 20% имаше шанса дека ќе преживее“, открил докторот.

И Фергусон во документарецот зборува за овој настан, но вели дека не се сеќава премногу на истиот.

 

„Се сеќавам само дека паднав. На ништо повеќе. Сè се случи брзо и беше изненадувачки за мене“, открива Фергусон во документарниот филм.

Филмот се очекува да излезе на 27. април.

Scroll to Top