Шпанецот Серхио Рамос и официјално е нов играч на францускиот клуб Пари Сен Жермен. 35 годишниот дефанзивец има договор со новиот клуб до јуни 2023 година.
„Горди сме што претставуваме еден од најголемите фудбалери на нашето време. Среќни сме што го објавуваме трансферот на Серхио Рамос во нашиот тим. Серхио е еден од најдобрите бранители на нашето време, роден лидер и професионалец. Неговото искуство и амбиција се во совршена хармонија со ПСЖ. Горд сум што го гледам во дрес на нашиот клуб и сигурен сум дека навивачите ќе му приредат неверојатно добредојде“, напиша Насер Ал-Хелаифи на официјалната веб-страница на ПСЖ.
Рамос се приклучи на францускиот тим како слободен агент. Пред тоа тој играше за Реал Мадрид од август 2005 година до мај 2021 година.