Шевченко: Ми се допаѓа Македонија, но нема да биде лесно да ја победиме на Европското

Легендарниот напаѓач на Милан Андриј Шевченко, кој сега е селектор на репрезентацијата на Украина, вели дека му се допаѓа репрезентацијата на Македонија и дека нема да им биде лесно да ја совладаат на Европското првенство.

„Сите репрезентации во групата се силни. Нормално дека Холандија е фаворит. Тие плус ќе играат дома пред своите навивачи. Не треба да нè залажува тоа што Ван Дајк нема да игра, тие се репрезентација со многу квалитетни фудбалери. Австрија е добра, а Македонија воопшто не е лоша, дури и ми се допаѓа. Никогаш не можете да очекувате нешто лесно на ЕП. Сите репрезентации во групата се силни. На Европско првенство нема лесен противник“, рече Шевченко.

За потсетување, Македонија, која на Европското првенство ќе игра за првпат, е во групата со Холандија, Украина и Австрија. Македонија со Украина ќе се сретне на 17 јуни во Букурешт.

Scroll to Top