Шумахер е во критична состојба, откри неговиот поранешен колега, Филип Стрејф

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, се наоѓа во исклучително лоша состојба, вели неговиот поранешен колега, Филип Стрејф. Шумахер е во тешка состојба, уште од 2013 година, кога се здоби со страшни повреди за време на скијање.

Лекарите мораа да го стават и во вештачка кома, за да го одржуваат во живот.

„Не знам зошто го држат во таква состојба со години“, рече Филип, поранешниот возач во Формула 1, за Шумахер, кој наскоро се очекува да добие и свој филм.

Изјавата на Филио силно ја загрижи јавноста, која речиси осум години очекува да слушне добри вести за состојбата на Германецот. Јавноста не знае премногу за состојбата на поранешниот возач на „Ферари“, затоа што неговата сопруга Корина не сакаше да открива многу.

Претходно за состојбата на Шумахер проговори и неговиот поранешен шеф, Жан Тод, но и тој не сакаше премногу да зборува во знак на почит кон желбата на неговото семејство.

„Шумахер е во кревет, во многу тешка состојба. Се чини дека има изгубено многу килограми. Не знам кој би сакал да го гледа својот татко или сопруг во таква состојба“, рече Филип, кој го посетувал Шумахер во клиниката во Греноблу, по несреќата.

Scroll to Top