Синот на Михаел Балак загина во сообраќајка

Синот на легендарниот германски фудбалер Михаел Балак, Емилио (18) загина во сообраќајка во Португалија. Како што пренесуваат медиумите, инцидентот се случил рано утринава по 2 часот во Троја, јужно од Лисабон. Тој возел четирицикл по што загубил контрола поради нерамниот терен.

Моторот се превртел и паднал врз него. Полуостровот е познато туристичко

Набрзо пристигнале пожарникари кои го извадиле момчето, докторите се обиделе да го оживеат, но се било залудно, синот на Михаел Балак починал. Семејството Балак се уште се нема огласено, но неговиот поранешен клуб Челси изрази сочувство на социјалните мрежи.

Полуостровот е познато туристичко место во Португалија и Михаел Балак пред неколку години таму купил имот.

Scroll to Top