Мик Шумахер, синот на легендарниот возач Михаел Шумахер, викеднов во Бахреин ќе ја вози својата прва трка во Формула 1. Мик има 22 години, исто како и неговиот татко, кога дебитираше во Ф1.
Пред првиот тренинг во Бахреин, што се одржа денес, прашан како се носи со товарот на наследството на неговиот татко, Мик одговори:
„Тоа е мотивација и гордост. Среќен сум што сум тука. Среќен сум што го враќам името Шумахер назад во Формула 1. Но, во досегашните шампиони сум докажал дека можам да возам тркачки болид, така што не чувствувам ни најмал притисок. Татко ми ми е идол и од рана возраст решив дека ќе одам по негови стапки“, изјави тој.
Мик е на иста возраст како неговиот татко кога дебитираше на трката за Големата награда на Белгија во 1991 година со тимот на Џордан. Првата трка на Мик ќе биде на патеката на којашто Михаел направи камбек во 2010 година, по четиригодишната пауза.
Шумахер пред две години стана дел од возачката академија на Ферари, а во Формула 1 ќе настапи како член на американскиот тим Хас.
Тој почна да вози картинг на девет години, а потоа брзо напредуваше во мотоспортот, под менторство на некогашната менаџерка на Михаел, Сабине Кем. Пред да почне да вози во Ф1, тој ги освои титулите во Ф3 и Ф2 серијата.