Со видео старо 16 години, Барселона се сети на првиот гол на Меси

Пред 16 години, на 1 мај 2005 година, Лионел Меси го даде првиот гол за Барселона. Тогаш фудбалерот имаше 18 години. По повод јубилејот, Барса објави видео од неговиот деби гол.

Натпреварот Барселона – Албасете беше во рамките од 34. коло од шпанската Ла Лига. Меси претходно дебитираше за каталонскиот тим на натпревар против Еспањол, но против Албасете го постигна својот прв гол во дресот на Барселона.

Scroll to Top