Сопругата на тешко болниот Герд Милер го замоли Левандовски да не го урива неговиот голгетерски рекорд во Бундеслигата

Напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски го израмни 49 години стариот рекорд на Герд Милер за најмногу постигнати голови во една сезона во Бундеслигата. Тој даде гол на натпреварот со Фрајбург, што беше негов 40. гол на 28 лигашки натпревари оваа сезона.

„Драг Роберт Левандовски, 40 голови се доволно“, напиша сопругата на Герд Милер, Уши, и го замоли Полјакот да не го урива рекордот на нејзиниот сопруг.

Милер не е свесен за постигнувањето на Левандовски, бидејќи страда од деменција и живее во дом за грижа на стари лица.

Левандовски дојде во Баерн во 2015 година и оттогаш постигна вкупно 276 голови, што е 89 помалку од Милер.

Scroll to Top