Австралиската кајакарка Џесика Фокс освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио, во трката со кајак едносед. Но, таа се најде центарот на вниманието не поради медалот, туку, откако откри дека имала проблеми со својот кајак пред почетокот на трката, па на лице место го поправила со кондом.
Фокс раскажа дека нејзиниот кајак бил оштетен од предната страна и тогаш се сетила да стави кондом на оштетеното место. Таа успеа сама да го поправи кајакот, да учествува на трката и го освои бронзениот медал.
„Не дадов најдоброто од себе, но сепак се борев до крај. Ова е мој трет олимписки медал, пресреќна сум“, напиша таа на Инстаграм.