Српската кошаркарка се самоубила поради тоа што била злоставувана

Младата кошаркарка на Партизан, Милица Маркела, се самоубила поради тоа што била злоставувана, вели поранешната спортистка Јелица Дабовиќ.

Јелица е сестра на поранешните кошаркарки и репрезентативки Милица и Ана и тврди дека Милица била жртва на злоставување, а дека за ужасното насилство таа и пишала на „Инстаграм“.

„Пред еден месец, таа ми пиша на дека се соочува со ужасно насилство и дека не гледа излез ситуација, освен самоубиството. И реков дека секој проблем има решение и дека треба само да ми каже за што точно станува збор. Не ме послуша и престана да ми пишува, а потоа го исклучи профилот. Го избра своето решение. Од пораките јасно се гледа дека се самоубила поради злоставувањето. Навистина е страшно“, напиша Јелица.

„Девојки, запомнете нема ништо поглупаво од молчењето со кое го штитите вашиот злоставувач, освен мислата дека ќе го решите проблемот со самоубиство. Верувам дека покрај злосторникот кој ја однесе оваа девојка во смрт, има барем уште еден сведок кој знае зошто се случило ова и кој ќе го изеде „ракот на совеста“ ако продолжи да молчи за тоа“, напишала Јелица.

Се самоуби 16. годишна кошаркарка на Партизан

Scroll to Top