Српските фудбалери ја добија премијата од милион евра што ќе ја донираат за лечење на болни деца

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пред тргнувањето на фудбалската репрезентација за Португалија, се качи во авионот и им вети на фудбалерите премија од милион евра ако обезбедат директен пласман на СП 2022 во Катар. Откако тоа го сторија, одлучија парите од премијата да ги донираат за лекување на болни деца.

Според српските медиуми, тие меѓусебно се договориле парите да ги уплатат на посебна сметка за лечење на децата, расподелувајќи ги онаму каде што сметаат дека е најпотребно.

Вуќиќ го исполни своето ветување и експресно беа префрлени милион евра на сметката на фудбалскиот сојуз на Србија.

Покрај ова, тој најави уште десет милиони евра помош од државата, која ќе биде наменета за одбојкарските, ракометните и ватерполо клубовите, заедно со уште осум боречки вештини кои ќе бидат опфатени.

 

 

Scroll to Top