Судија си дал отказ откако видел дека направил грешка на натпреварот

Турскиот фудбалски судија Халис Озкаја одлучи да стави крај на својата кариера, по натпреварот во турскиот шампионат меѓу Газијантепспор и Касимпаша. Откако видел каква грешка направил, тој си дал отказ.

Озкаја (41) натпреварот го продолжил за девет минути, а потоа практично ја поништил својата одлука, откако означил крај по само четири минути во судиското продолжение. Кога ја видел грешката, тој ги повикал фудбалерите да се вратат на теренот и да го завршат мечот до крај.

По натпреварот Озкаја бил на мета на многу критики, па тој одлучил повеќе да не се занимава со оваа професија. Тој под ФИФА суди веќе 12 години и се смета за еден од најдобрите турски судии.

По неговата одлука да се повлече, голем број негови фанови го поддржаа и упатија апел дека ова е ретка ситуација во фудбалот. Многу од неговите колеги веројатно немале да се одлучат на вакво нешто. За потсетување, мечот меѓу Газијантепспор и Касимпаша заврши со 2:0.

 

Scroll to Top