Пол ван Бокел е судијата што ќе асистира во ВАР-собата за време на финалниот натпревар во недела меѓу репрезентациите на Англија и Италија. Бокел е ВАР-судијата што го потврди пеналот на Англија во полуфиналето против Данска за кој имаше многубројни критики во јавноста.
Но, и покрај големиот број забелешки од експертската фудбалска јавност, холандскиот арбитар е делегиран и за финалниот меч во улогата на ВАР-асистент.
Главниот судија во финалето ќе биде Бјорн Кујперс. Главни помошници ќе му бидат неговите сонародници Сандер ван Рекел и Ервин Зеинстра, а главен во ВАР-собата ќе биде Бастиан Данкерт од Германија.
Четириесет и осумгодишниот Кујперс има повеќегодишна кариера и се смета за еден од најдобрите судии во светот, а поради годините, ова ќе биде негов последен натпревар на еден голем репрезентативен собир.
Досега има судено финалиња од Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа. Никогаш нема судено полуфиналиња или финалиња на Европско и на Светско првенство.