Светската рекордерка на 10 километри убиена во својот дом во Кенија

Кениската атлетичарка, Агнес Тироп (25)  е пронајдена мртва во својот дом во градот Итен. Според извештаите, таа била избодена во стомакот, па полицијата потврди дека се работи за убиство и дека работат на случајот за да се откријат сите детали околу трагичниот настан.

Тироп минатиот месец го сруши светскиот рекорд на 10 километри во Берлин. Таа ја претставуваше Кенија на Олимписки игри во Токио, каде на трката на 5.000 метри заврши на четвртото место. Освои и два бронзени медали од Светските првенства во 2017 и 2019 година на 10.000 метри.

 

Scroll to Top