Светската шампионка се бори за живот

Светската шампионка во брзо лизгање, Холанѓанката Лара Ван Руијвен (27) се бори за својот живот откако тешко се разболела за време на тренинг-кампот на француските Пиринеи, објавија медиуми и таа од минатата недела се наоѓа во болница кога била итно хоспитализирана.

Лара била примена во болницата во Перпигнан, а по хоспидализацијата ѝ била дијагоностицирано автоимуно нарушување и за време на викендот нејзината состојба многу се влошила и се искомплицирала, па итно ѝ биле извршени две операции и сега се наоѓа во индуцирана кома.

„Состојбата на Лара е стабилна, ама и понатаму таа е критична“, објавила Лизгачката федерација на Холандија (КНСБ).

Нејзиниот тренер Јероен Отер признал дека во моментов лизгачката води животна битка.

„Лара во моментов се бори за живот“, рекол тој.

Ван Руијвен беше светска шампионка лани на 500 метри на СП во Софија, а има бронза од штафетата на 3.000 метри во Пјонгчанг во 2018 година.

 

Scroll to Top