Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе настапи на Летните олимписки игри во Токио

Таеквондистот Дејан Георгиевски е вториот Македонец кој ќе настапи на Летните олимписки игри во Токио. Тој денес го победи против актуелниот олимписки шампион Радик Исаев со 13-6 и  обезбеди олипмиска норма, прва на еден македонски таеквондист.

Георгиевски во двете денешни борби победи, прво против Динко Шегедин, а потоа и против олимпискиот првак Исаев.

„Сакам да му се поклонам на мојот брат Борче Костовски, кои исто како и јас живееше за овој миг и тој е најглавниот виновник за овој историски македонски момент“, рече Георгиевски.

Претходно, борачот Могамедгаџи Нуров избори норма за Македонија, а се очекува наскоро и каратистот Емил Павлов да ја избори олимписката норма и да настапи на Олимпијадата во Токио, која ќе се одржи од 23 јули до 8 август.

СОНУВАВМЕ ЗА ТОА, ЖИВЕЕВМЕ ЗА ТОА, ОДИМЕ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО !!!

СЛАВА ТИ ГОСПОДЕ !!!

Дејан Георгиевски со…

Posted by Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT on Saturday, May 8, 2021

Scroll to Top