Македонскиот спортист Дејан Георгиевски (22) се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во теквондо, откако во полуфиналето го победи Јужнокореецот Кјо Дон Ин во категорија +80 со 12-6.
Последен пат Македонија доби медал пред 21 година кога Мохамед Ибрахимов ѝ донесе бронза во борење на ЛОИ во Сиднеј.
Пред овој меч, истово утро, тој го победи светскиот шампион Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, во категорија +80 со 9.4.
Георгиевски ќе се бори за златен медал со Русинот Владислав Ларин во категоријата над 80 кг.