Тенисерот Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра се позитивни на корона. Нивната ќерка Ирина е негативна. Веста ја сооптшти самиот тенисер.
„Точно е дека јас и сопругата сме позитивни. Таа се тестираше во четвртокот, а јас и ќерката во неделата откако дознавме дека е позитивна. Ќерката е негативна, а сопругата и јас сме позитивни“, вели тенисерот.
Неговата сопруга Александра е во поодмината бременост и наскоро треба да се породи. Засега и таа и Виктор се чувствуваат добро.