Формула 1 тимот на Мекларен потпиша договор со 13-годишниот Уго Угочукуву, талентиран возач на картинг од САД. Во својата кратка кариера, Уго освои неколку титули во Америка и Европа. Негов најголем успех е првото место на Европското првенство во картинг лани.
Договорот со Мекларен предвидува британскиот тим да инвестира во неговиот развој и да ги следи резултатите во јуниорска возраст.
„Ние ќе му обезбедиме на Уго сè што е потребно за да може да го развие својот целосен потенцијал“, рече Зак Браун, извршен директор на тимот.
Младиот картинг-возач е воодушевен од договорот што го потпиша со познатиот Ф1 тим.
„Чест ми е што станав дел од Мекларен, кој е институција во Формула 1. Да ги имам на моја страна на патеката сега и надвор од тоа, ќе ми помогне многу во иднина“, вели Угочуку.
McLaren Racing is pleased to announce a long-term agreement with Ugo Ugochukwu, the promising young driver from the USA. 🤝
— McLaren (@McLarenF1) March 22, 2021